Се влоши состојбата на Кралот на фудбалот – Животот на Пеле пак е загрозен

Големиот фудбалски мајстор Пеле е префрлен на интензивна нега во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, откако ракот прогресирал и му ги загрозува виталните функции.

Најлошата прогноза што доаѓа од Бразил е дека виси на конец животот на трикратниот светски првак.

https://twitter.com/choquei/status/1605664309694062606?s=20&t=dD-rOY0U8jYWJ13uZs5rFA

Пеле има 82 години и веќе неколкупати беше приман во болница, но лавовски се бори со ракот и успева да си го продолжи животот, иако ситуацијата постојано е на работ на живот или смрт за големата фудбалска легенда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести