На онлајн состанок на извршниот одбор на Фудбалската федерација на Украина донесена е одлука да се продолжи со првенството. Фудбалските возбудувања ќе продолжат на 30 мај со мечевите од 24-тото коло, а планот е шампионатот да заврши до 19 јули.
На 30 мај ќе се играат три натпревари, а веќе за наредниот ден е закажано големото дерби меѓу Шахтар Донецк и Динамо Киев. Шахтар е убедлив лидер во првенството со 59 бодови, додека Динамо има 46 бодови, колку што има и екипата на Зорја.