Во четвртиот ден како се игра новата игра на Sport Life обложувалници, има промена на врвот на табелата. Обложувачот Иван Ѓ. погоди 41 натпревар од вкупно 50 и го презеде врвот на кој до вчера стоеше Ќуќ А. со 39 погодени парови.
Промени има на третата позиција, се приклучи Игор Р. со 39 погодени натпревари, додека четвртиот и петтиот имаат по 38 погодени натпревари.
Играта засега приреди интересна трка за тие што се вклучија во предизвикот уште во првите денови да се погодат максималните 50 парови на ист тикет, со цел да се победи во првата етапа од новата акциска понуда што на прогнозерот со најмногу погодени мечеви на ист тикет на 8 март ќе му донесе премија од 100.000 денари.
Sport LIfe ќе доделува по 100 илјади денари за прворангираните во секоја етапа, а ќе ги има вкупно 8. Првата е во тек, а правилата се едноставни.
Победник во секоја етапа ќе биде учесникот со тикет на кој има најмногу погодени натпревари. Ако има двајца или повеќе натпреварувачи со еднаков број погодени парови, тогаш ќе одлучува вкупниот коефициент на погодените натпревари, а ако и во таков случај има баланс, тогаш трет критериум е времето на уплата на тикетот. Во таков случај обложувачот што порано го уплатил тикетот, ќе биде добитник на премијата од 100 илјади денари.
Има подароци и за второрангираните од секоја етапа, за нив се предвидени вредносни ваучери од 25.000 денари од „Техномаркет“ или „Анхоч“ (по избор на играчот), додека третопласираните ќе добијат месечно обложување со вредносни ваучери од 200 денари секој ден.