Седлоски: Динамо и понатаму е фаворит, очекувам полни трибини во Скопје

Гоце Седлоски е играчка легенда на Динамо Загреб, но овојпат тој беше на чело на Шкупи, кој успеа да одигра 2:2 против хрватскиот првак во Загреб. Седлоски вели дека е задоволен од резултатот, но дека нема да има опуштање пред реваншот во Скопје.

„Се испотив како да играв и јас. Честитки за играчите на двата тима. Ова беше еден врвен меч, вистински европски дуел. Во првото полувреме игравме како што барав од играчите. И понатаму останува сè отворено, треба да се играат уште 90 минути во Скопје. Без разлика на овој резултат, Динамо и понатаму е фаворит. Очекувам полни трибини на реваншот. Моите играчи првпат играат ваков меч, додека Динамо секоја година игра во Лигата на шампионите и Лигата на нациите. Ние ги искористивме нашите шанси и сега ќе се подготвиме за реваншот во Скопје“, рече Седлоски на прес-конференцијата по ремито 2:2 на Шкупи против Динамо.

- Оглас -

Најнови вести