Седлоски и Работнички се разделија, го менува друг поранешен репрезентативец

Прволигашот Работнички и официјално има нов тренер откако спогодбено ја прекина соработката со тренерот Гоце Седлоски. Поранешниот репрезентативец на кормилото на Романтичарите седна кон средината на ноември минатата година, но се задржа помалку од пет месеци.

Серијата од четири порази во низа во првенството беше пресудна, па Работнички наместо во горниот дел од табелата, дојде во ситуација да се бори за опстанок со три поени повеќе од Македонија ЃП во опасната зона и еден повеќе од Вардар, кој е во зоната за бараж.

Работнички веднаш го најде и неговиот заменик, а тоа ќе биде неговиот соиграч од репрезентативните денови, Горан Станиќ, кој беше на оваа позиција, но како привремено решение токму пред да биде назначен Седлоски.

- Оглас -

Најнови вести