Поранешниот дефанзивец на Јувентус, Арсенал, Лацио и репреззентативец на Швајцарија, Стефан Лихтштајнер, е назначен за тренер на ФК Базел. Потпишаа договор со важност до летото 2029 година.
Овој 42-годишен екс фудбалер ги тренираше младинските тимови на Базел од 2022 до 2024 година, по што работеше како главен тренер во Ветсвил-Бонштетен. Како играч, Лихштајнер седум титули во италијанското првенство со Јувентус и играше во две финалиња на Лигата на шампионите, а ја заврши кариерата во 2020 година.
По 21 коло, Базел е четврти на табелата во швајцарската Суперлига, со 10 бода зад лидерот Тун.

