Сега Икарди и Брозовиќ повторно се први другари

Мауро Икарди почна да тренира со екипата на Интер, а на објавата на социјалните мрежи дека тоа се случило, хрватскиот фудбалер Марцело Брозовиќ кликна лајк. Италијанските медиуми пишуваат дека сапуницата продолжува и само се чека што ќе биде нареден пресврт на настаните.

Кавгата на Брозовиќ со Икарди и неговата сопруга беше една од причините за оддалечувањето на Аргентинецот од екипата, се шпекулираше дури и дека Брозовиќ имал љубовна афера со Ванда, која е позната по изневерувањето на бившиот маж, но сега Икарди повторно е во тимот, а на Брозовиќ му се допаѓа тоа.

„Нераѕурите“ се подготвуваат за мечот со Лацио и сега се чека одлуката на тренерот Лучијано Спалети дали ќе му даде шанса да заигра на поранешниот капитен Икарди, кој еден и пол месец не сакаше да игра, ниту да тренира.

На тренинзите на Интер присуствува и сопственикот на клубот, бизнисменот Џанг, кој лично сака да се увери дека сè е во ред.

- Оглас -

Најнови вести