17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Сега почнува вистинското: Комплетниот распоред за осминафиналните возбудувања (фото)

Групната фаза на Светското фудбалско првенство заврши. Од 32-те селекции кои беа дел од планетарниот собир, останаа најдобрите 16. Ако досега имаше калкулации или киксови на големите фаворити, сега веќе никој нема право на грешка. Секој нареден меч е мора да има победник, а поразениот тим ќе мора да ги пакува куферите за дома.

Првите возбудувања од нокаут-фазата ќе ги видиме викендов. Први отвораат Холандија и САД со мечот кој се игра в сабота од 16 часот. За вечерта е закажан дуелот меѓу Аргентина и Австралија, додека в недела двата меча кои треба да дадат четвртфиналисти се: Франција – Полска и Англија Сенегал.

В понеделник се играат уште два осминафинални дуели, и тоа: Јапонија – Хрватска и Бразил – Јужна Кореја додека комплетирање на првата нокаут-фаза ќе биде на 6 декември, за кога се закажани последните две осминафиналиња меѓу Мароко – Шпанија и Португалија – Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести