Дуелот помеѓу Пари Сен Жермен и Атлетико Мадрид е првото вистинско дерби на Светското клупско првенство, на стадионот во Пасадена, Лос Анџелес, Светците ќе го имаат првиот меч како актуелни европски шампиони.
Тоа што ПСЖ неодамна ја освои ЛШ, ќе послужи како мотив плус за Атлетико и останатите да победат и да се фалат дека го совладале европскиот првак.
„Со нетрпение го очекуваме нашиот прв натпревар против ПСЖ. Тие играат многу добро во моментов, но мислам дека можеме да им дадеме силен отпор. Лани ги победивме дома со гол во последната секунда, верувам во мојот тим и се надевам дека ќе одиграме добро“, изјави Французинот Антоан Гризман.
Бекот на ПСЖ, Ашраф Хакими, кој е поранешен играч на Реал Мадрид, ги сподели своите очекувања пред пресметката со Атлетико.
„Го запишавме нашето име во историјата, сега сме фокусирани на Светското клупско првенство. Имаме цел да останеме до самиот крај и да го освоиме турнирот, да покажеме зошто сме европски шампиони. Имавме многу натпревари и летови оваа сезона, но добро се опоравуваме. Атлетико е добар тим и мора да направиме сè што е можно за да освоиме три бода“, рече Мароканецот.
Атлетико и ПСЖ се дел од групата Б во која се заедно со Ботафого и Сиетл.