Сеирот продолжува: На Кепа не му се брани против Тотенхем, го стави Вили на голот

Вили Кабалјеро ќе го брани голот на Челзи против Тотенхем вечерва, во лондонското дерби во Премиер лигата, но повторно во фокусот е бунтовникот Кепа Аризабалага.

Младиот голман на Челзи направи невиден кикс одбивајќи да излезе од игра во финалето од Купот против Манчестер сити, па вечерва ќе мора да му го остапи местото на искусниот конкурент Вили Кабалјеро.

Токму Кабалјеро требаше да го замени во 120-тата минута против Сити и да ги брани пеналите во битката за трофејот, но Кепа одби да излезе од игра и Челзи загуби.

„И вечерва ќе бранеше Кепа, ако сакаше, но тој одреди дека му е време на Вили да застане на голот“, е еден од коментарите, секако шеговити на сметка на младиот голман на Челзи.

Имаше доста интересни коментари на социјалните мрежи, но Кепа има голем проблем. Го платија 80 милиони евра при трансферот од Атлетик Билбао, а сега е цел и на навивачите, поранешните играчи на Челзи и на актуелното реководство и тренерот Сари. Веќе го казнија со еднонеделна плата, но проблемот се чини не е решен.

 

- Оглас -

Најнови вести