14.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Секоја чест за Сасуоло, во една работа ги надмина сите калчолигаши

Верувале или не, Сасуоло е клубот од Серија А кој има најголема заработка од рекламата на дресот.

Реномираниот весник „Газета дело спорт“ објави листа на најбогатите спонзорски договори, и првото место го држи малиот Сасуоло, зад кој се великаните Јувентус, Милан, Рома, Интер и Наполи.

Се тврди дека Сасуоло добро си ги продал правата за име на спонзор на дресот, и од фирмата „Мапеи“ добива 18 милиони евра по сезона. Но, сопственикот на Сасуоло, Џорџи Скинци, е газда и на компанијата за градежен материјал „Мапеи“.

Со оваа цифра, Сасуоло е пред Јувентус кој има договор со „Џип“ на 17 милиони годишно, Милан од Емирејтс заработува 14 милиони, исто како и Рома од Катар и Хјундаи, Интер од Пирели зема 10,5 милиони, а Наполи има три спонзори, МСЦ, Лете и Кимбо, од кои добива 9 милиони. Потоа следуваат Фиорентина, Аталанта и Торино.

- Оглас -

Најнови вести