Секоја чест: жена во осми месец од бременост, освои злато во теквондо (Видео)

Нигериската теквондистка, Аминат Идрис (26), освои златен медал на националниот спортски фестивал, и тоа натпреварувајќи се во осмиот месец од бременоста.

Со „стомак до заби“, Аминат одлично ја изведе вежбата во дисциплината Микс Пумсае, покажување на соло форми.

„После неколку тренинзи, одлучив да се обидам. Добро се чувствувам, привилегија ми е што победив. Докторите ми дадоа дозвола да настапам, бидејќи во оваа дисциплина нема контакт со противник“ – рече таа.

- Оглас -

Најнови вести