Селекторот Ангеловски со порака: Одложете го мечот Македонија – Косово!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Англовски, реши да даде свое мислење околу целата ситуација со одлуката мечот меѓу Македонија и Косово да се игра без публика. Поради страв од ширење на Коронавирусот, Министерството за здравство одлучи спортските настани во следните 30 дена да се играат без присуство на публика, а тоа значи дека нема да има гледачи на арената „Тодор Проески“ на 26 март, кога треба да се игра полуфиналниот пелјоф-меч за пласман на Европското првенство.

Македонија никогаш досега не била поблиску до пласман на завршница на големо натпреварување. Со победа над Косово, Македонија ќе се пласира во финалето на баражот за пласман на ЕП 2020 преку Лигата на нациите. Ангеловски смета дека мечот треба да биде одложен затоа што фудбалот сепак се игра за публика. Во целост ви ја пренесуваме пораката која селекторот Ангеловски ја испрати преку својот фејсбук-профил.

„Или нека биде фудбалски СПЕКТАКЛ или не правете “спектакли”!
Здравјето на луѓето е најбитно и ги почитуваме ставот и препораките на институциите во однос на заштитата на здравјето на сите нас.
Но, како фудбалери, репрезентативци и стручен штаб на Македонија кои се изборија за историска шанса за пласман на Европско првенство, би сакале нашиот домашен натпревар да го одиграме пред полни трибини и со поддршка од нашите навивачи да славиме заедничка победа.
Ваков натпревар без публика е исто како да сме без Гоче, Елиф или Нестор во составот.
Одложете го натпреварот, прво заради здравјето пред сè, но и заради сите со идеал за прави спортски вредности и резултати.

 

- Оглас -

Најнови вести