Селекторот Брестовац го обвини нападот за поразот

Веднаш по поразот од Австрија, македонскиот селектор Данило Брестовац, изјави дека се повториле проблемите во нападот, и тука ја гледа причината за поразот.

„Не можам да поверувам дека ни се случуваше истото, утнавме многу зицери. Дали со мене или без мене, ќе има многу работа ако сакаме повторно да играме важна улога на големите натпреварувања. Треба да се свртиме кон подмладување на националниот тим, ако треба треба и да ризикуваме неиграње на некое големо натпреварување ако сакаме повторно да бидеме тоа што бевме. Денеска одбраната не беше толку виновна, нападот беше проблематичен. Постојано бевме во негатива, ни се одлепија, неуспешно бркавме. Нас ни останува да ги мотивираме младите да се јавуваат на повиците и да играат за репрезентацијата, па за некое време повторно да имаме силна репрезентација“ – рече Брестовац.

Дејан Манасков смета дека грешките во нападот донеле многу лесно примни голови.

„Едностано немавме решение, им дадовме многу топки во раце, примавме лесни голови, ние не реализиравме отворени ситуации, и тоа е тоа“ – изјави Манасков.

- Оглас -

Најнови вести