26.8 C
Skopje
недела, 10 август 2025

Селекторот Марјан Илиевски без промени во составот за дуелот со Унгарија

За вечерашниот натпревар во Солнок, селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски, реши да го задржи истиот состав од 12 кошаркари што настапија на премиерниот дуел во Куманово.

Нема промени во играчкиот ростер, ова е одлуката на селекторот пред вториот натпревар од претквалификациите за Светското првенство 2027 година, кој Македонија ќе го игра како гостин против Унгарија во Арената „Тисалигети“.

Илиевски смета дека кошаркарите кои се дел од тимот од првиот натпревар против Романија се подготвени да се справат со предизвикот и да дадат максимум на гостински терен.

Во составот за дуелот против Унгарија ќе настапат: Андреј Магдевски, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Максим Митевски, Џејкоб Вајли и Тома Стојаноски.

- Оглас -

Најнови вести