По неколку одработени тренинзи во СРЦ „Кале“ во Скопје, машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија денеска се пресели во Куманово, каде што ќе биде завршниот дел од подготовките. За средбата со Романија ќе конкурираат 15-мина кошаркари.
Во реновираната спортска сала во Куманово, во која на 2 август ќе го играме првиот натпревар од втората фаза од претквалификациите за Светскиот куп 2027 година, Црвено-жолтите ќе реализираат уште неколку тренинзи, по што селекторот Марјан Илиевски и неговите асистенти ќе го дефинираат и конечниот избор на играчи кои ќе бидат во протоколот за средбата со Романија.

Денеска на пат за Куманово тргнаа следниве кошаркари кои ќе конкурираат за 12-те финални места во ростерот за премиерниот меч во августовскиот ФИБА „прозорец“:
Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марко Миловановиќ, Валмир Какруки, Никола Василевски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савичевиќ, Максим Митевски, Тома Стојаноски, Марко Луканоски и Џејкоб Вајли