Селекторот Милевски ги искоментира пропуштените шанси на Миовски и Чурлинов

Селекторот Благоја Милевски нема замерки за неговите избраници, и не им се лути што пропуштија неколку зрели шанси за гол на гостувањето кај Украина. Тој смета дека секој играч има најдобри намери.

„Како да им замерам на Миовски или на Чурлинов што промашија кога беа сами пред противничкиот гол? Па тие кои се на теренот најмногу сакаат да постигнат гол. Е сега, за жал не успеаја“ – рече Милевски после мечот во Прага.

Миовски се согласува со шефот.

„Нормално, точно е дека ние најмногу сакаме да дадеме гол, особено јас како напаѓач. При втората шанса, топката ми остана во нозе, и немав сила, да беше понапред топката ќе ми беше многу полесно“ – изјави Миовски.

- Оглас -

Најнови вести