Албанија со пораз од 1:2 од Италија го започна Европското првенство, но оваа селекција постави рекорд на тој меч. Албанците дадоа гол само по 23 секунди од почетокот на мечот и тоа е апсолутен рекорд во историјата на ЕП.
Следен ривал на Албанија е Хрватска, која беше нокаутирана од Шпанија и загуби со 3:0. Селекторот на Албанија, Бразилецот Силвињо, знае дека Коцкестите се опасен ривал.
„Имавме мала трема во првиот меч, не ни е лесно. Ова е само второ учество на Албанија на ЕП, ние сме нова екипа. Против Италија не поминавме лошо. До крајот бевме во игра за да освоиме бод. Сега следува Хрватска, која технички е многу силна. За нас овој меч ќе биде одлучувачки и затоа мора да оствариме позитивен резултат“, вели Силвињо.