Селекторот на Белгија има план: Со Куртоа, Лукаку и Де Бројне против Македонија?!

Репрезентацијата на Белгија е еден од противниците на Македонија во квалификациите за Светското првенство во САД, Канада и Мексико, а во истата група се уште и Велс, Казахстан и Лихтенштајн. Новиот селектор на белгиската репрезентација, Руди Гарсија, има план за квалификациите во составот да врати три големи ѕвезди.

Се работи за Тибо Куртоа, Ромелу Лукаку и Кевин де Бројне, кои веќе не се дел од селекцијата. Голманот на Реал Мадрид според неофицијални информации се повлече од репрезентацијата поради капитенската лента, а Лукаку и Де Бројне се повлекоа минатата година.

Планот на Руди Гарсија е да патува во Мадрид, Манчестер и Неапол и да има средби со тројцата фудбалери, да разговара со нив и да се обиде да ги убеди да се вратат во дресот на Белгија.

Нашата репрезентација ќе ја пречека Белгија на шестти јуни, додека гостувањето е закажано за десетти октомври.

- Оглас -

Најнови вести