Селекторот на Хрватска добил понуда да му биде тренер на Роналдо

Актуелниот селектор на Хрватска, Златко Далиќ, доби понуда од Ал-Наср да седне на клупата на саудискиот тим, тврди италијанскиот новинар, кој е експерт за трансфери, Руди Галети.

Ал-Наср во јануари предизвика фудбалски земјотрес со потписот на Кристијано Роналдо, но Португалецот не успеа да ја донесе титулата во саудискиот шампионат, поради што челниците на тимот одлучија следната сезона на клупата да седи врвно тренерско име.

Откако не го убедија Жозе Мурињо, челниците на Ал-Наср сега му нудат богат договор на Далиќ, кој ги оствари најголемите успеси во историјата на хрватската репрезентација.

Коцкестите под негово водство на СП 2018 година беа поразени во финалето од Франција, а минатата година го освоија третото место на СП во Катар. Во неделата, Хрватска загуби од Шпанија во финалето на завршниот турнир во Лигата на нации.

Далиќ има искуство од водење екипи од Саудиска Арабија, од 2010 до 2012 година беше тренер на Ал-Фајсали, а во сезоната 2012/13 седеше на клупата на Ал-Хилал.

- Оглас -

Најнови вести