Селекторот на Хрватска има главоболка кога ќе го погледне семафорот, што да каже Лазаров со 40 примени гола?

Селекторот на Хрватска, Хрвоје Хорват е задоволен од офанзивниот дел на популарните Каубои, кои вечерва во тест меч ја победија Македонија со 40:34 во Пореч.

Хорват сепак истакна дека мора драстичпно да се поправи играта во одбрана, а даде интересна изјава.

„Искрено кога ќе го погледнам резултатот ме боли глава. Што подалеку да сум од семафорот. Бевме лоши во дефанзива. Одбрана се игра со нозе, не со раце, а ние им дозволивме премногу простор на Македонците. Напаѓачки бевме одлични, но одбраната мора да ја поправиме до почетокот на Светското првенство“, изјави Хорват.

Тој е незадоволен со 34 примени гола, па тогаш се поставува прашањето како му е на нашиот селектор Кирил Лазаров со 40 примени погодоци во Пореч?

Утре Македонија ќе има поправен испит, барем што се однесува на дефанзивниот дел, со последниот тест меч, против Израел од 20.15 часот, пред стартот на ракометниот Мундијал.

На СП во првата фаза во полски Краков ќе играме со Норвешка на 13. јануари, два дена подоцна со Холандија и на 17. јануари со Аргентина во тешката Ф група.

- Оглас -

Најнови вести