10.8 C
Skopje
недела, 12 октомври 2025

Селекторот на Казахстан признава: Македонија е силна селекција, но ќе се обидеме да освоиме бодови

Македонија утре игра важен квалификациски натпревар против Казахстан на кој очекува триумф и продолжување на позитивната серија во овој циклус.

Селекторот на гостите, Талгат Бајсуфинов, нагласи дека неговиот тим ќе даде максимум за позитивен резултат во Скопје, но нагласи дека македонската репрезентација е фаворит.

„Македонија е силна селекција и знаеме колку ѝ значи мечот со нас, но ние ќе се бориме за добар резултат. Против Лихтенштајн имавме среќа, се надевам ќе имаме слична ситуација и утре. Првиот меч со Македонија покажавме дека можеме да пропуштиме многу шанси, но сега реализацијата ни е подобрена. Ќе се обидеме да освоиме колку што е можно повеќе бодови до крајот на квалификациите, и тоа важи и за утрешниот натпревар“, рече Бајсуфинов.

Во првиот меѓусебен дуел, Казахстан го предводеше Али Алиев, кој по поразот од Белгија со 6-0 си поднесе оставка.

- Оглас -

Најнови вести