Селекторот на Летонија анализира: Македонија има добри фудбалери, но им фали тимско единство

Репрезентацијата на Летонија со 1:0 славеше над Фарски Острови во последниот меч кој го одигра на домашен терен, а селекторот Паоло Николато верува дека и против Македонија, неговиот тим може да одигра добро.

Италијанскиот стратег кој е на чело на Летонија, направи анализа на македонската репрезентација и даде интересни заклучоци. Тој ги пофали индивидуалните квалитети на нашите репрезентативци, но како маана го посочи недостаток на тимската хемија во играта.

„Против себе имаме силен противник, селекција која ја победи Ерменија, но ние сме позитивни и веруваме дека ќе одиграме добро против нив. Македонскиот тим, и тој регион во целина, се карактеризира со силни индивидуални играчи. Карактеризирани со голем индивидуален талент, овие фудбалери имаат и високо ниво на играчко искуство во силни првенства. Но, им недостига талент за тимско единство. Тие се силни индивидуално, но можеби не толку како тим“, рече Николато во пресрет на денешниот дуел во Рига.

- Оглас -

Најнови вести