Селекторот вечерва прави две измени во стартниот состав

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски најверојарно ќе направи две измени во однос на стартниот тим кој настапи во победата против Летонија пред четири дена. Повеќе од очекувано е на местото на повредениот Ферхан Хасани, да истрча Елиф Елмас. На дуелот против Летонија, токму Елмас го замени Хасани и постигна два гола.

Освен Елмас, меѓу стартерите се очекува да биде и Егзон Бејтулаи. Тој ќе го замени Александар Трајковски, што значи наместо напаѓачкото трио од дуелот со Летонија, во Љубљана, во офанзивниот дел ќе бидат Горан Пандев и Илија Несторовски.

Стефан Ристовски ќе добие малку поофанзивна задача по крилната позиција, а од другата страна ќе нападне Алиоски. Во средниот ред главни за креација на играта ќе бидат задолжени Николов, Барди и Елмас.

Состав на Македонија: Димитровски – Велковски, Муслиу, Бејтулаи – Ристовски, Николов, Барди, Елмас, Алиоски – Пандев, Несторовски.

 

- Оглас -

Најнови вести