Жезуалдо Фереира, еден од ретките тренери кои ги воделе Порто, Бенфика и Спортинг Лисабон, пристигна во Бразил, каде што го презеде тренерското кормило во клубот Сантос, а покажа и дека има смисол за хумор.
На аеродром, еден фан на клубот за кој своевремено играше Пеле, подоцна и Нејмар, побара да се слика „селфи“ со португалскиот тренер кого го викаат Професор, а 73-годишниот стручњак на младиот навивач му рече: „Селфи не е за мене. Грд сум“.
Секако ова не го одврати навивачот од намерата и селфито беше направено.
https://twitter.com/i/status/1214693706571427841