Селски фудбал на италијански начин, го гаѓаше противничкиот тренер со сендвич

Нисколигашкиот фудбал е преполн со разни инциденти, а за последниот што се случи во италијанската Серија Ц, уште долго време ќе се зборува.

По натпреварот од 11-то коло во Серија Ц меѓу Монтеварки и Чезена (0:3), тренерот на гостите Доменико Тоскано застана пред новинарите за да даде осврт на натпреварот, но беше прекинат од тренерот на домашниот тим Роберто Малоти.

Малоти прво упати серија навреди кон Тоскано, а потоа го гаѓаше со сендвиќ кој му направе расекотина на лицето на тренерот на Чезена.

Весникот „Газета дело Спорт“ пишува дека Малоти не застанал тука, тој вербално му се заканил на противничкиот тренер со зборовите: Порано или подоцна, ќе се претепам.

Претставниците на двата тима, но и новинарите успеале да ги раздвојат тренерите и да спречат поголем инцидент.

 

- Оглас -

Најнови вести