Селта со три бода отиде пет позиции напред

Селта ја совлада Севилја со 1:0 во последниот денешен натпревар од шпанската Примера, и тимот од Андалузија го закова на четвртата позиција на табелата. Стрелец на голот беше Турчинот Окај Јокуслу.

Севилја пред три дена беше елиминирана од купот, кога против Барселона не успеа да задржи предност од 2-0, па изгледа на андалузијците тоа тешко им падна, и не успеаја психички да се рехабилитираат и следуваше нов пораз, овојпат окаракатеризиран како кикс. Севилја има само две победи во последните девет кола, па така од лидер на табелата, за девет кола дојде на минус од 14 бода во однос на Барселона. Проблем им се гостувањата, на последните осум меча надвор, Севилја има по четири порази и ремија.

За Селта, ова е прва победа во 2019 година, а со трите бода, успеа да напредува за дури пет позиции и веќе не е во зоната на испаѓање. Селта речиси две години, од април 2017 немаше победа во меч на кој не играл Јаго Аспас. Селта има 37 победи над Севилја и историски, тие им се омилена жртва.

- Оглас -

Најнови вести