Селтик и Галатарасај осигураа европска есен, Конференциската лига „не им бега“

Селтик со убедлив триумф од 3-0 лесно го доби и реваншот против Јаблонец, вкупиот резултат од 7-2 е повеќе од доволен за Келтите за закажат двомеч против АЗ Алкмар во битката за групната фаза во Лигата на Европа.

 

Трнбул како двоен стрелец за домаќините ги нокаутира Чесите, за сигурно да се резервира билетот за Европа се погрижи Форест во 73-тата минута, па Селтик најмалку што може да очекува е да биде дел од групите во новото натпреварување на УЕФА.

Голот за 3-0 на Селтик

Галатасарај славеше во голедата од 4-2 на гостувањето кај Сент Џонстон беше доволна и за турскиот вицепарвак да обезбеди европска есен. Им се придружи и словенечкиот шампион Мура со единствениот гол во двомечот против Жалгирис во гостинскиот триумф од 1-0.

Останати резултати:

Алашкерт *3-2 Каират Алмати, Хелсинки *3-0 Нефчи Баку, Анортозис 2-1* Рапид Виена, Жалгирис 0-1* Мура.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести