Шкотскиот Селтик продолжува со импресивното претставување на пријателските натпревари од претсезонската турнеја. Откако пред неколку дена Детелинките го победија шампионот на Англија, Манчестер Сити, со 4:3, синоќа тие забележаа уште поголем успех против Челзи славејќи со 4:1.
Во исто време, фановите на лондонскиот клуб повторно останаа разочарани, бидејќи во првиот натпревар стигнаа само до 2:2 против Рексам.
Селтик поведе во 19-та минута кога Мат О’Рајли прими топка во шеснаесетникот и со удар по земја го пронајде далечниот агол на голот за 1:0.
Вториот гол беше дело на Кјого Фурухаши во 32-та минута. Јапонецот реагираше одлично на центаршутот на О’Рајли.
Во 76-та минута Луис Палма искористи погрешно враќање на топката, ја одзеде, финтирајќи го својот директен чувар и ладнокрвно постигна гол за 3:0.
Мики Џонстон додаде нов гол во мрежата на Челзи во 79-та минута и веќе беше 4:0.
Челзи успеа да постигне почесен гол во судиското продолжение, кога Кристофер Нкунку реализираше пенал.