Семејството на покојниот Силвио Берлускони, одлучило да го продаде италианскиот фудбалски клуб Монца. Берлускони ја купи Монца во 2018 година кога клубот беше во трета лига, го донесе до Серија А, а неговата смрт од пред неколку дена може да значи и нова несигурност и неизвесност за клубот.
Изврпниот директор на Монца, Адрихано Галијани, кој му беше десна рака на Силвио Берлускони и во Милан и во Монца, рече дека ќе се согласи со било каква одлука.
„Заради љубовта кон Силвио, ќе направам што и да ми кажат. Во моментов никој не ме информирал за иднината на ФК Монца” – рече Галијани.