Семејството на Шумахер ја продаде неговата колекција скапи часовници за да продолжи лекувањето (Фото)

Еден од најдобрите Формула 1 возачи на сите времиња, Михаел Шумахер, го нема во јавноста од 2013 година, кога доживеа тешка несреќа на скијање, а не е позната ниту неговата здравствена состојба. Неговото семејство води голема борба за да го плати скапото лекување на славниот возач, а сега на ред за продажба дојдоа и неговите скапи часовници.

Тие се продаваа на аукција во Женева, а беа продадени за четири милиони швајцарски франци, односно 4,41 милион долари. Највисока сума достигна часовникот кој му беше подарок од шефот на Ферари, Жан Тод, 1,5 милиони швајцарски франци.

„Колекционерите беа многу среќни што ги открија овие часовници полни со историја“, рече водителот на наддавањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести