Помонаа повеќе од 10 години од кобната скијачка несреќа во која легендарниот формула 1 возач Михаел Шумахер тешко настрада. По оваа несреќа, Шумахер еден период помина во кома, а откако се разбуди, тешка и долга е неговата рехабилитација, а никој точно не знае во каква здравствена состоба е некогашниот седумкратен светски првак во Ф1.
Сите оние кои се сметаат за „потесно семејство и пријатели“ на Михаел Шумахер имаат потпишано клаузула во која стои дека не смее никаде јавно да зборуваат за состојбата на големиот шампион.
Сепак, алармот во семејството на Шумахер се вклучи кога Кора Бринкман која е поранешна жена на Ралф Шумахер, реши да се приклучи на едно реално шоу. Некогашната жена на братот на Михаел, замина во шоуто „Камп во џунгла“, што е во стилот на шоуто „Survivor“.
Кора веќе неколку години е разделена од Ралф, но тие беа заедно во периодот кога се случи несреќата на Михаел и беше вклучена во тогашната ситуација. Од семејството на Шумахер се уплашија дека Кора нема да издржи во тешките услови за живот во тоа шоу и може непланирано да открие некоја тајна за Михаел Шумахер што не смее.
Cora Schumacher, ex-femme de Ralf Schumacher, a été exclue de l’émission “I am a celebrity”. La production avait peur qu’elle divulgue des informations sur l’état de santé de Michael Schumacher.https://t.co/vF4csVUPXQ
— RMC Sport (@RMCsport) January 24, 2024
Токму затоа, само три дена откако почна шоуто „Камп во џунгла“, Кора самоволно реши да си замине. Многумина од германската јавност се сомневаат дека некогашната манекенка била принудена да се повлече под притисок од семејството Шумахер.
„Постои голема страв, страв дека во некоја екстремна ситуација (дали поради глад или стрес), Кора би можела да открие чувствутелни информации поврзани со Михаел Шумахер“, наведуваат дел од германските медиуми.
Кора беше дел од семејството Шумахер речиси 15 години.