3.8 C
Skopje
вторник, 23 декември 2025

Семењо го избрал Манчестер сити

Антоан Семењо, напаѓачот на Борнмут, е најбараниот фудбалер во Премиер лигата оваа зима. Во пресрет на отворањето на јануарскиот преоден рок за него има интерес од Ливерпул, Манчестер сити и од Манчестер јунајтед. Тотенхем се обиде да го доведе минатото лето, но не успеа, а медиумите на Островот тврдат дека и Челзи се вклучил во битката за неговиот потпис.

Интернационалецот од Гана во договорот со Борнмут има клаузула од 65 милиони фунти, која мора да се искористи и активира во првите десет дена од јануари. Според оваа клаузула, клубот што ќе ја плати сумата ќе може да преговара со фудбалерот и да го реализира неговиот трансфер.

Се разбира, водечките англиски клубови немаат проблем да платат толкава отштета и јасно е дека Антоан Семењо ќе донесе одлука во кој клуб ќе сака да ја продолжи кариерата. Според информациите тоа е Манчестер сити. Тој сака да соработува со Пеп Гвардиола и за тоа веќе ги информирал и останатите заинтересирани клубови.

- Оглас -

Најнови вести