Се чини дека главната ѕвезда на зимскиот преоден рок ќе биде фудбалерот на Борнмут, Антоан Семењо. Тој веќе им поставил ултиматум на челниците на клубот дека сака трансфер уште на први јануари, на првиот ден од јануарскиот преоден рок.
Репрезентативецот на Гана има клаузула во договорот дека може да замине најдоцна до десетти јануари за сума од околу 70 милиони евра, па сега го обвинува раководството на Борнмут дека одолговлекува за да помине рокот и да бараат повеќе пари.
Ганецот кој е роден во Англија, веќе ги договорил личните услови со Манчестер сити и јасно е дека кариерата ќе ја продолжи во составот на Пеп Гвардиола. „Граѓаните“ се подготвени да ја платат оваа сума и да ја активираат откупната клаузула, па десното крило во продолжение од сезоната ќе го гледаме во дресот на поранешниот англиски шампион.

