Сенегалец на младинското СП даде гол за неполни 10 секунди и стана ѕвезда преку ноќ (Видео)

Репрезентативецот на селекцијата за играчи до 20 години на Сенегал, 19-годишниот Амаду Сања, во дуелот со Тахити кој африканскиот тим го доби со 3-0, постигна хет-трик, а првиот гол го даде во 10-тата секунда од мечот и тоа е рекорд на младинските Мундијали. Голот на Сања падна само 9,6 секунди после почетниот удар од центарот.

Досега најбрз гол на СП за играчи до 20 години беше за 14 секунди, постигнат во 1985 година. На сениорските Мундијали, најбрз гол во историјата е оној на Хакан Шуќур од 2002 година, кога Турчинот познат како „бикот од Босфор“ погоди после 10,8 секунди игра. Побрз гол на СП од овој на Сања има дадено само Бразилецот Фабињо во 2007 година, кога на СП за играчи до 17 години ја затресе мрежата после 8,5 секунди игра.

Сања е член на сенегалскиот второлигаш Кајор фут, но после вчерашните перформанси кои ги прикажа на шампионатот во Полска, речиси сигурно е дека летово ќе се пресели во многу попознат клуб.

Ова е супербрзиот гол на Сања:

https://www.youtube.com/watch?v=oXCUiSZog7w

- Оглас -

Најнови вести