Аргентинскиот ветеран Карлос Тевес, би можел во следната сезона да игра во англиската Премиерлига и тоа во дресот на Тотенхем.
Тевес кој има 38 години, во минатото играше за Вест Хем, Манчестер сити и Манчестер јунајтед, а во Тотенхем би заиграл на барање на тренерот Антонио Конте кој работеше со него во Јувентус во сезоната 2013/2014.
Откако си замина од Европа каде освои трофеи со сите клубови освен Вест Хем, а во Премиерлигата беше и прв стрелец во 2011, популарниот Апачи играше во родната Аргентина, за гигантот Бока јуниорс, но од јули е без клуб, иако официјално нема објавено повлекување.