Сензација во турскиот куп: Второлигаш го згасна Фенер

Фенербахче потона во уште поголема криза по вечерашната елиминација во Турскиот куп од второлигашот Умранијеспор, и тоа со нов пораз од 0-1.

И повторно фаворитот играше дел од мечот со играч помалку, бидејќи во 67-мата минута беше исклучен Шкртел. И повторно второлигашот ја искористи предноста, погоди во 89-тата минута, кога прецизен беше Леандрињо, и се пласира во четврт-финалето.

И на првиот меч Фенербахче играше со 10 фудбалери цело второ полувреме, а црвен картон доби нашиот репрезентативец Елиф Елмас. Му следуваше суспензија и вечерва тој не играше за Фенербахче.

Гигантот игра многу лошо и во домашното првенство и само со 17 бодови се наоѓа една позиција над зоната за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести