Каква трагедија – Канада не ѝ даде на Белгија да мрдне, Куртоа им одбрани пенал, а утките ги казни Батшуаји (Видео)

Канада одигра одлично прво полувреме, но губи од големиот фаворит Белгија со 0:1.

Миши Батшуаји во 44-тата минута ја погоди мрежата на Канада и казни за сите утки што ги имаше ривалот.

Голот на напаѓачот на Црвените ѓаволи можете да го погледнете ОВДЕ.

Алфонсо Дејвис е трагичарот во првото полувреме на дуелот меѓу Канада и Белгија и играчот на Баерн пропушти златна шанса да му донесе предност на Јаворовиот лист откако промаши пенал во десеттата минута.

Тибо Куртоа искусно го прочита Дејвис и му одбрани удар од белата точка, па Канада ќе мора да почека на првиот свој гол на Мундијалите, иако вечерва го заслужи во првото полувреме против големиот фаворит Белгија.

Тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Во 38-мата минута имаше нова проверка со ВАР-системот за втор пенал за Канада, но не беше досуден, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Претходно, веднаш по утнатиот пенал на Дејвис, имаше голема грешка на судиите откако Еден Азар ја врати топката во својот шеснаесетник, а беше досуден офсајд, иако го немаше.

Eden Hazard (Belgium) passes the ball backwards to a Canada player. Linesman flags for offside. from soccer

Канаѓаните одиграа одлично и беа подобри, но не успеаја да погодат. Куртоа бранеше феноменално и ги спаси Црвените ѓаволи, кои на чудесен начин се извлекоа и водат со 1:0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести