Сензационален трансфер во најава: Лукаку ќе биде замената за Кејн во Тотенхем?

Глупостите од минатото, ова лето му се удрија од глава на белгискиот репрезентативец, Ромалу Лукаку. Тој официјално е фудбалер на Челзи, но тие не сметаат на неговите услуги. Интер, каде настапуваше како позајмен, сакаше да го задржи, но тој одлучи да потпише за Јувентус. Сега и тој трансфер му пропадна, бидејќи навивачите на Јувентус протестираа против неговиот ангажман.

Сепак, денес се појави сензационална информација во англиските медиуми. Тотенхем е сериозно заинтересиран за неговите услуги и во него гледа замена за Хари Кејн кој потпиша за Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести