Сензационална победа над Ѓоковиќ за прва Мастерс титула на Хачанов

Карен Хачанов одигра феноменално финале во Париз против Новалк Ѓоковиќ, па со 2-0 во сетови (7-5, 6-4), го совлада првиот светски рекет. За Русинот ова беше прво појавување на финалињата на Мастерс турнирите, па така го освои и првиот голем трофеј во кариерата.

Хачанов буквално го надмудри Ѓоковиќ во двата сета. Иако српскиот тенисер прв направи брејк за 3-1 во првиот сет, Хачанов веднаш возврати, па така и ја врати неизвесноста се до 5-5, а потоа го направи и второт брејк, кој беше клучен за освојување на сетот.

Помалку физички потрошен, Ѓоковиќ се најде во негатива на стартот од вториот сет, откако загуби гем на свој сервис за 2-1 во корист на Хачанов, па предноста ја одржа Русинот до крајот на средбата.

Хачанов на овој турнир настапи како 18-то рангиран тенисер во светот, а од утре ќе напредне на листата за дудри седум места, односно ќе биде 11-ти, додека Ѓоковиќ од утре и официјално ќе биде прв носител на АТП листата. За Србинот ова беше прв пораз во финале во Париз, откако претходно четири пати триумфираше на овој турнир, во 2009 година, а потоа и три по ред во 2013, 2014 и 2015 година.

- Оглас -

Најнови вести