Сер Алекс Фергусон слави роденден, а Манчестер јунајтед му го донесе најубавиот подарок (ФОТО)

Сер Алекс Фергусон утре ќе го прослави својот 80-ти роденден, а вечерва тој присуствуваше на трибините на средбата меѓу Манчестер јунајтед и Барнли. Неговиот тим славеше со 3:1 и со победа ја затвори оваа година.

Скот Мектоминај погоди за 1:0 во осмата минута, додека со автоголот на Бен Ми, Манчестер поведе со 2:0. Во 37-мата минута Кристијано Роналдо даде гол за 3:0, додека само неколку мигови подоцна, Арон Ленон намали на 3:1.

Со новите три, тимот од „Олд Трафорд“ дојде до бројката од 31 бод и е на делба на шестото место со Вест хем, кој има и средба повеќе.

 

- Оглас -

Најнови вести