Серафимов: Енергетски сме подготвени, свежи сме, ќе дадеме максимум

Десниот бек на македонската ракометна репрезентација, Мартин Серафимов, по победата над Гвинеја, изјави дека тимот е свеж и има сили уште за три меча во претстојните пет дена.

„Не сакам да звучам арогантно, но очекувано беше да ја победиме Гвинеја, иако ни беше тешко да се вратиме по поразот од Холандија. Сега следува втората фаза, да одмориме малку и од денеска почнуваме да се спремаме за претстојните три натпревари. Енергетски сме подготвени за следните три меча. Не се потрошивме многу со Гвинеја, свежи сме и спремни да дадеме максимум“, вели Серафимов.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести