Никола Серафимов е еден од најмладите македдонски репрезентативци и од него се очекува многу во иднина, а одличниот и млад стопер на Залагерсег вели дека Македонија може да ја победи Бугарија за добар старт во новото издание на Лигата на Нации.
„Шансите се еднакви, ние сме гости и очекувам добар старт, добра игра и се надевам дека ќе ги освоиме трите бода. Нашата група е изедначена и очекувам да одиграме добар фудбал на сите четири натпревари во јунската сесија.
Во денешно време сите репрезентации играат фудбал, а токму Македонија е добар пример за тоа, со победата против Италија во квалификациите за настап на Светското првенство во Катар.
Физички и психички сме одлично подготвени, а и ние што немаме голема минутажа сме максимално подготвени да одговориме на предизвикот“, изјави Серафимов.
Изјавата на Серафимов можете да ја погледнете ОВДЕ.
Премиерниот меч Македонија ќе го игра против Бугарија на 2. јуни од 18 часот во Разград.