Серена доби наследничка, тинејџерката Гоф е нова кралица на Њујорк

Американската тенисерка Коко Гоф е нова шампионка на Отвореното првенство на САД и за првпат во кариерата крена шампионски пехар од гренслем турнир.

Гоф во финалето во Њујорк славеше над Арина Сабаленка со 2-1 во сетови и тоа со 2:6,6:3,6:2.

https://twitter.com/i/status/1700643186232766622

Гоф со триумфот во Њујорк ја потврди одличната форма, претходно славеше и на турнирите во Вашингтон и во Синсинати и стана четвртата Американка која како тинејџерка триумфирала на САД опен по Серена Вилијамс, Трејси Остин и Крис Еверт.

https://twitter.com/espnW/status/1700656149366964311?s=20

Во првиот сет доминираше новата тенисерка број еден на ВТА ранг-листата која за помалку од 40 минути славеше со 6:2.

Сабаленка и во вториот сет прва дојде до брејк топка, но откако не успеа да ја искористи, Гоф почна да игра се подобро. Младата Американка направи брејк за 3:1 во гемови и предноста ја задржа до крајот на сетот.

https://twitter.com/WTA/status/1700657927000838517?s=20

Во третиот сет, Гоф направи два брејка на стартот, Сабаленка успеа да врати еден, но набрзо потоа уште еднаш го загуби сервисот и славјето на младата американска тенисерка можеше да почне.

Со победата во Њујорк, Коко Гоф ќе скокне на третото место на АТП ранг-листата, додека Сабаленка за првпат во кариерата ќе биде прва тенисерка на светот.

- Оглас -

Најнови вести