Ал-Хилал се врати на чело на табелата во саудиската лига откако вечерва со 4-0 го совлада Ал-Охдуд.
Кајо Сезар даде гол на своето деби во дресот на саудискиот првак, двоен стрелец беше Маркос Леонардо, а голчиште постигна Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Популарниот СМС зеде краток залет и испрати проектил од слободен удар, а топката заврши во делот каде што голманот не можеше да ја стигне.
Погледнете:
SMS YOU BEAST 🥵#RoshnSaudiLeague | @sergej__savic pic.twitter.com/t3Hp8x1DWh
— Roshn Saudi League (@SPL_EN) January 31, 2025