Српскиот фудбалер за врска Сергеј Милинковиќ-Савиќ би можело да си замине од Ал-Хилал и да се врати во италијанското првенство, но не во Лацио, од каде што се пресели во Саудиска Арабија, туку во Интер.
Интер летово планира да го доведе Пјотр Зјелински од Наполи, но нема да застане тука и освен Полјакот, би го зеле и Сергеј, кому наводно му здодеало во Ал-Хилал и иако зема огромна плата, отворен е за камбек во европскиот фудбал.