Сите гледаа во Сергеј пред тренингот на Лацио, дојде со необично превозно средство (Фото)

Српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ на денешниот тренинг на Лацио во Формело се појави со електричен велосипед. Со ова тој предизвика големо внимание. Популарниот СМС живее прилично блиску од тренинг-центарот на римските Орли и тоа заедно со убавото време ги искористи за да замине на тренинг со ова интересно превозно средство и притоа не му требаше маска.

Попладнево беше решено Серија А да продолжи на 13 јуни, но под услов да нема заразени фудбалери. Лацио е во трка со Јувентус за титулата.

Србинот по пристигнувањето во Формело, сврте едно крукче и околу теренот на кој тренираат Лацијалите.

- Оглас -

Најнови вести