27.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Серхио Перес со историска прва пол позиција во кариерата, Верстапен потфрли, Хамилтон очаен

Мексиканецот Серхио Перес имаше блескаво возење на квалификациите за трката на Големата награда на Саудиска Арабија и успеа да извози најдобро време кое го позиционираше на пол позицијата пред утрешната трка. Буквално во последните секунди од квалификациите, Перес направи круг со време од 1:28.200 и зад себе го остави двоецот на Ферари, Шарлс Леклер и Карлос Саинц.

Актуелниот светски првак Макс Верстапен заврши на четвртото место, додека најголемо разочарување е Луис Хамилтон кој заврши дури на 16-тото место.

Квалификациите ги одбележа страшната несреќа на Мик Шумахер кој со болидот удри во ѕидот, а потоа мораше со хеликоптер да биде префрлен во болница.

 

- Оглас -

Најнови вести