Серхио Рамос отпатува во Манчестер!

Екипата на Пари Сен Жермен речиси во комплетен состав отпатува во Манчестер за утрешното гостување кај Сити во Лигата на шампионите, а на списокот на кандидати за настап во големото дерби е и шпанската ѕвезда Серхио Рамос.

Рамос нема играно официјален натпревар уште од петти мај, а и тогаш играше недоволно здрав, па му наштети на својот Реал Мадрид против Челзи во Лондон. Поучен од тоа искуство, веројатно тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, нема да го фрли во оган Рамос на „Етихад“, но не се исклучува и да му даде одредена минутажа на искусниот дефанзивец.

Откако потпиша за Светците, Рамос нема одиграно ниту една минута, се шпекулираше дека ќе си замине уште во јануари, но засега од тоа нема ништо.

- Оглас -

Најнови вести