Серија А ќе се игра и во необични термини, клубовите не се баш задоволни

Утре Владата на Италија и Фудбалската федерација треба да кажат дали и кога би продолжило италијанското првенство, а одлуката за изгледот на календарот ќе падне во петок. Работите горе-долу се дефинирани, останува да се решат само некои детали, а еден од камењата на сопнување се термините и телевизиските преноси.

Играчите се спротивставуваат на идејата некои средби да почнуваат во 16.30 часот, бараа сите дуели да почнуваат во 18.45 и 21 часот. Но, сопствениците на ТВ-правата се контра и предлагаат други термини.

Според италијанските медиуми, мечевите од Серија А треба да се играат од 17, 19.15 и 21.30 часот. Мора да има половина час простор од завршување на еден до почеток на следен дуел. Најспорен од организациски причини е терминот 21.30 бидејќи гостинските екипи би се враќале дома многу доцна.

Инаку, ако нема проблеми, Серија А треба да се продолжи на 13 и 14 јуни со четирите одложени мечеви, а потоа наредниот викенд ќе се игра цело коло.

- Оглас -

Најнови вести